Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека ги набљудувал и се запознавал детално со начинот на избор и сето она што е поврзано со судско-обвинителскиот систем во државата. Заедно со министерот за правда и сите вработени во ресорот, но и пратениците, споделувале искуства и барале решенија. За судско-обвинителскиот систем рече дека е „мочуриште кое изобилува со многу контроверзии и скандали“.
-Не можеме да направиме целосно распуштање, ниту можеме за кратко време да ги детектираме аномалииите, но, можеме да избереме Судски совет кој што без партиски стеги и интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште. Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импромивизираме. Таму каде што се бираат, таму и да се изгласа интерпелација, рече премиерот од Клубот на пратеници.
Како што вели, иако ќе се изгласа интерпелација, членовите на Судскиот совет може да останат на функција, но тоа не е добро, според него. Мицкоски очекува од судиите да се повлечат доколку пратениците во Собранието изгласаат недоверба.
Ова следува откако утрово премиерот најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на судиите кои се членови на Советот.