Премиерот тврди дека цените во маркетите се коригирани

од Nikola Popovski
34 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека цените во маркетите се коригирани, согласно најавите за мерката „новогодишна кошничка“. Дел од трговците, според него, ја научиле лекцијата.

„Моравме да интервенираме и да покажее колку сме сериозни во намерата. .Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде десет или 15 или повеќе проценти и очекувам овој тренд да продолжи. Ако некој мисли дека не го следиме овој тренд, се лаже“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање што се презема повторно да не дојде до неконтролирано зголемување на цените.

Најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има „трикови“.

Претходно, трговските ланци и помалите маркети ги зголемија цените на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне, па дел од трговците се опаметија.

Од 15 декември почнаа да важат цените од таканаречената „новогодишна кошничка“ во која производите би требало да се со пониски цени од минимум 10 проценти.

Бројката на производи кои влегуваат во кошничката се очекува да достигне до 1000, опфатени се околу 80 компании, но во неа не влегуваат маслото шеќерот, кафето и какаото за, како што беше кажено, да не им се направеле големи штети на компаниите.

Слични содржини