Претседателот на Владата истакна дека ќе интервенираат доколку видат дека има неетичко однесување на ланците супермаркети, снабдувачите и производителите во однос на цените на производите. Христијан Мицкоски уверува дека инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен. Сепак, премиерот вели дека има поскапување само кај јајцата и маслото за јадење и дека е тоа е значајно и видливо.
-Кај останатите производи, цените не отстапуаат од просечните од претходниот период, кажа премиерот на денешната прес-конференција.
Мицкоски додаде дека трговците зголемувањата ги оправдуваат со растот на цените на светските берзи, но нагласи дека Владата прави сопствени анализи и пресметки.
Владата донесена одлука да го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти за да го пресретне очекуваното ново поскапување. Со тоа, цените нема многу да се разликуваат од досегашните. Премиерот уверува-разработени се повеќе сценарија доколку се влоши кризата.
Мерките доаѓаат како одговор на ценовниот скок на горивата изминатиот период како последица на војната во Иран.
Иако наглото поскапување на горивата допрва треба да се прелее во економијата, дел од трговците побрзаа и веќе почнаа со кревање на цените. Контролите на Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека во изминатите седум дена јајцата поскапеле за 5 до 10 отсто, а маслото за јадење до 5 проценти.