Премиерот за Груби: Дали ќе се извинат од СДСМ ако се врати сега скоро?

од Nikola Popovski
146 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски навестува дека е можно враќање на екс-вицепремиерот Артан Груби во земјава, по неговото бегство. Вака барем може да се сфати неговата денешна изјава во јавноста.

-И што ако се врати сега скоро? Не, ама еве ако се врати? Ќе се извинат? Досега што не измислија…Прво викаат дека едните отидоа, другите дојдоа, ништо не прават…После тоа „абе мали риби ловат“, па сега „од ДУИ нема никој“. Човек не знае што да им одговори. Еве што ако дојде? Не мора денеска да дојде, да речеме ќе дојде за некое време. Чуден е тој Фројд и чудно е кога потсвеста ти работи, затоа што тоа си го правел и мислиш дека сите тоа го прават. Мпојата порака до нив е нека се концентрираат и нека си ги корегираат пораките во јавноста затоа што самите се збунети. Една личност различки пораки дава на различни места. Тие се последниот столб во одбрана на интересите, рече премиерот запрашан за обвинувањата на СДСМ дека бегството на поранешниот вицепремиер е договорена политичка работа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Иако првично велеше дека е во посета на Косово, Груби е недостапен за органите на прогонот откако беше обвинет за злоупотреба на службената должност за проневерата во Државната лотарија. МВР распиша меѓународна потерница против него и против екс-директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами.

Слични содржини