Премиерот за Историската комисија: Нека се вклучи ОБСЕ, но ќе се вклучат и инспекциските и истражните органи

од Nikola Popovski
106 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против од вклучување на експерти од УНЕСКО или ОБСЕ во Историската комисија, како што предлагаат нејзините поранешни членови, но, како што вели, ќе се вклучат и и инспекциските и истражните органи за да се види на што се трошеле парите.

-Нека се вклучат експерти, ние сме за да се најде решение, но дали овие флоскули од поранешните членови треба да се коментираат и да им се посветува внимание? Не мислам. Потрошени се стотици милиони евра за ништо, кажа денес премиерот.

Премиерот смета дека потрошени се стотици илјади народни евра за ништо, односно како што рече, за нешто коешто резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија двоецот Ковачевски и Османи.

Мицкоски денеска изјави дека ќе се спроведе истрага колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата.

Oва следува откако поранешните членови на Историската комисија обвинуваат дека нивната работа била злоупотребена за партиски цели. Преку соопштение прстот го вперуваат во премиерот и министрите во владата велејќи дека им се ставила политичка етикета и ги поткопале националните интереси. Тие исто така побараа и вклучување на меѓународни експерти од УНЕСКО, ОБСЕ или Советот на Европа.

За нов претседател на експертската комисија е поставен универзитетскиот професор Ванчо Георгиев.

Слични содржини