Премиерот за изјавата на Таравари: Никогаш не сум бил против Коридорот 8, а бев против Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
303 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува дека министерот за здравство, Арбен Таравари кажал дека претседателот на Владата ќе ги прифати уставните измени, исто како што тоа претходно го направил со Коридорот 8 и со Преспанскиот договор, на кои иако имал забелешки и бил против нив, сепак ги прифатил.

-Никогаш не сум бил против Коридорот 8, а да точно, сум бил против Преспанскиот договор и да точно е, откако на насилен пат се носеа пратеници да гласаат за уставните измени и кога сето тоа стана реалност, уште во опозиција пред четири-пет години реков дека не можеме да ја игнорираме јавноста. Тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред. Јас категорично демантирам дека така беше кажано, кажа премиерот, одговарајќи на новинарски прашање на прес-конференција во Медија центарот на Владата.

За уставните измени пак, Мицкоски рече дека бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство. Тој е категоричен дека нема намера да отстапи ниту милиметар од своите ставови за ова прашање.

Таравари ова го кажал синоќа во интервју за емисијата „Дејли клик“ на ТВ21 одговарајќи на прашања поврзани со уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата на највисокиот правен акт во државата, што е услов за продолжување на Преговорите на земјава за членство во Европската Унија.

-Дали беше против Коридорот 8 или денес на Коридорот 8 се работи поенергично од кога било досега. Да ви кажам, Договорот од Преспа, и таму имаше противење, но денеска го прифати. Третата работа што треба да ја направи господинот Мицкоски, се надевам дека ќе ја направи… Ме радува фактот дека тој е убеден и сигурен 100 проценти дека ние секако дека треба да одиме на патот кон ЕУ. Сега имаше избори во САД, имајте предвид дека тој има блиски пријатели кои се блиски со претседателот Трамп. Но и во Бугарија немаше влада до пред една недела, бидејќи за да се движат овие работи, треба да имаш некого од другата страна со кого да преговараш. Така што, многу сум среќен и сигурен дека Мицкоски сака и е сигурен дека ние треба да ги почнеме преговорите, но и тој сака некакви гаранции, порачал Таравари

Слични содржини