Премиерот Заев и министерката Царовска во посета на Подгорица

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска е во работна посета на Подгорица, соопшти владината прес-служба.

Предвидено е, утрово, премиерот Заев да има билатерална средба со неговиот колега, црногорскиот премиер Душко Марковиќ.

Премиерот Заев е поканет и ќе присуствува и на Конгресот на ДПС на Црна Гора, каде ќе има кусо обраќање

Слични содржини