Премногу оружје, за ова мирно и тивко време: САД испраќаат уште два носачи на авиони кон Корејскиот полуостров

од Vladimir Zorba
86 прегледи

САД испраќаат уште два носачи на авиони кон Корејскиот полуостров. Во регионот веќе се наоѓа американска ударна група на чело со нуклеарниот носач на авиони “Карл Винс”. На бродот има над 100 авиони, пишува . “Дејли Меил”. Предводник на групата е придружуван од еден брод разарач, крстосувач и подморница.

Според информации од Јужна Кореја претседателот на САД одлучи да го зајакне американското присуство во регионот, испраќајќи ги носачите на авиони “Роналд Реган” и “Нимиц” во Јапонското Море. Се очекува тие да пристигнат таму следната недела. Одлуката е донесена во позадина на предупредувачките изјави на Доналд Трамп на адреса на Северна Кореја.

Според Вашингтон, Пјонгјанг мора да ги скрати “нуклеарните амбиции”, а лидерот Ким Јонг Ун “да почне да се однесува пристојно”. Авионот “Роналд Реган” во моментов е со седиште во Јокосука, Јапонија, соопшти агенција Yonhap. “Нимиц” во моментов ја поминува “финална подготовка пред да тргне од Орегон. И двата бродот се способни да носат над 90 авиони.

Слични содржини