Премногу сме песимисти во спорот со Бугарија, вели Бучковски

од Nikola Popovski
299 прегледи

Македонија нема комотна позиција да тактизира околу спорот со Бугарија. Треба да ги искористиме адутите што ги имаме. Македонија е шампион во почитување на човекови права, различни етникуми. Сите велат ние направивме чуда после Охридскиот договор. Ако не се спорни тие пет историски личности, еднострано треба да ги објавиме текстовите зошто треба заеднички да ги чествуваме. Почнувајќи од Кирил и Методиј, Наум и Климент, заклучно со цар Самоил. Што ќе изгубиме ние, ако веќе е договорено, смета поранешниот премиер и поранешен специјален претставник на Владата во преговорите со Бугарија за надминување на спорот, Владо Бучковски.

Тој смета дека „прерано кренавме раце“ за решавање на спорот.

-Имам впечаток дека премногу сме песимисти. Може нема да стигнеме до целта, но гледајќи го Петков, треба да преземеме. Малку недостига во мнозинството во бугарскиот парламент да промени нова Декларација, на која на прво место ќе бидат човековите права, а на последно место ќе бидат историските прашања. За тоа не сме подготвени. Ова треба да не отрезни, дека времето не работи за нас. Мораме да покажеме поголема активност, потенцира Бучковски во емисијата „360“.

Бучковски смета дека нема потреба од референдум во Бугарија за евентуално кревање на ветото.

-Треба да му помогнеме на Петков. Бугарската МНР Теодора Генчовска ја држи тврдата политика на Радев. Едниот пристап е да го договориме протоколот и да пројде во двата парламенти, но во Софија треба да сме свесни каква е состојбата. За ова треба да се обединиме, да дадеме шанса на процесот. Има процес, додава Бучковски.

Слични содржини