286
Актерот Џереми Рајнер доживеа тешка несреќа кога случајно заврши под машина за чистење снег, а сега се огласи од болница.
Како што претходно открија лекарите, актерот е во „критична, но стабилна состојба“ откако се здобил со бројни повреди.
Како што пренесуваат некои медиуми, машината под која паднал била тешка шест и пол тони.
Џереми сега се огласи од болницата и им се заблагодари на сите за поддршката.
„Премногу сум уморен за да пишувам повеќе, но на сите ви испраќам љубов“, порачал актерот од болничкиот кревет.