Пренџов: Имаме капацитет да правиме попис секоја година

од Nikola Popovski
293 прегледи

Овој попис мора да се комплетира. Делот што не е кредибилен е пописот на иселениците и тоа се направи поради дневна политика. Никаде не се прави тоа. Самото тоа инфилтрирање во рамки на пописот му дава голема политика. Претпоставувам тоа го правеше Артан Груби, вели пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Доколку имате мултикултурно општество, недозволиво е повеќе од 132.000 граѓани се непопишани.

-За тие луѓе тоа е свесно пуштање на раздор во општеството од коалициските партии. Едноставно замолувам и барам да се комплетира пописот. За да видиме тие граѓани од која етничка заедница се,  да видиме која вероисповед ја имаат и потоа да седнеме како нормални луѓе како повеќе партии да седнеме и да се соочиме со фактот дека сите заедно тонеме во Република Македонија. Не можам да признаам нешто што не е комплетирано, рече Пренџов во емисијата „Топ тема“.

-ВМРО и коалицијата кажуваат дека ако останеме со 132.000 граѓани непопишани, ќе мораме да направиме нов попис. Имаме капацитет за нов со скромни средства и ќе го правиме секоја година дена. Овие бројки не се комплетни за да се оценат. Како да ги оставиме овие граѓани, додаде пратеникот од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини