Нека му пренесе некој на Вицепремиерот задолжен за ништо или попознат како “лево сметало” во владата дека од страна на опозициските пратеници НИТУ ЕДЕН нема да гласа за уставни измени, реагира на изјавата на Груби пратеникот во Македонското Собрание Љупчо Пренџов.
-А, да, кажете му дека ИМА ПРАТЕНИЦИ од ВЛАСТА, кои што исто така НЕМА да ги гласаат уставните измени!!, пишува во својата реакција на Фејсбук, Пренџов.
Кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот, смета првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Според него темата за референдумот ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.
– Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија.И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има.За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот, кажа Груби.