Препорака на ФА: Нема фудбал за време на погребот на принцот Филип

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Англиската фудбалска асоцијација во понеделникот издаде соопштение во кое се наведува дека, по консултациите со Владата, далa препорака да не се игра фудбал во недела, за време на погребот на принцот Филип.

Принцот Филип, војводата од Единбург, ќе биде погребан во сабота на 17 април, а препораката на Фудбалскиот сојуз е да не се игра фудбал на тој ден во периодот од 15:45 до 17:15 часот и да се помести распоредот на натпревари во согласност со оваа препорака.

Сите знамиња на Вембли и паркот Сент Џорџ ќе бидат спуштени на половина копје.

Во согласност со оваа одлука, беше потврдено дека полуфиналниот натпревар во ФА купот помеѓу Челси и Манчестер Сити на „Вембли“ ќе се одигра според претходниот план бидејќи е закажан за во 18:30 часот. Натпреварот од четвртото коло на ФА купот за жени помеѓу Манчестер Сити и Астон Вила е одложен и ќе започне напладне.

Доколку клубовите не можат да се договорат за нов датум, и има потреба тој да биде променет, одлуката ќе ја донесе ФА.

„Нашите мисли се со нејзиното височество кралицата, неговото височество војводата од Кембриџ, кој е наш претседател и целото кралско семејство во овој тажен период“, се додава во соопштението.

Слични содржини