Препораките на УНЕСКО ги скараа власта и опозицијата

од desk2
132 прегледи

Условите на УНЕСКО за Охрид да не го загуби статусот на Светско културно наследство ги раскара и пратениците.

Пратениците од власта со предлог-закон за управување со природно и културно наследство и надеж како да се спаси регионот. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува предлог-законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион. Партијата реагира за избор на телото што треба да се формира и треба да решава за иднината на градот и прашува зошто не се гледа стручноста на членовите, туку етничката припадност.

Пратеничката Корубин од ЛДП реагира дека освен што мора да се стопираат градбите и да се урне она што е нелегално потребено е промена на свеста на институциите, оние кои треба да ги спроведат законите. За опозицијата со овој закон ќе се штитат градоначалниците од одговорност.

Вчера градоначалникот на Охрид имаше прес-конфренција и рече дека УНЕСКО не побарал да урнат 400 дивоградби колку што има во регистерот, туку требало да се направи проценка за нивно влијание врз животоната средина. Според Константин Георгиески спорни објекти биле само десет. Според невладините орагнизиации бројката за уривање е 400 објекти./Канал 5