Препукувања во Советот на Град Скопје: „И Господ да ви се јави на сон, ќе дојдете тука да прашате“

од Берта Китинска
212 прегледи

На денешната седница на Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните.

В.Д. директорот на ЈСП, Стојкоски реагираше дека има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати.

Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕреагира дека се навлегува надвор од ингеренциите на директорите на јавните претпријатија.

-Како кажа: „Кога ќе видите дека нема рентабилност објаснете им на граѓаните зошто ќе ја укинеме линијата“. Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете, прво ќе дојдете тука да прашате дали 23 советници ќе одлучат. Затоа што наш е легитимитетот и одговорноста. Не може самоволие да демонстрирате. Извлечете поука од пред 2-3 недели кога наводно самоволие резултираше со разрешување. Кај вас е директно и јасно самоволието, така што внимателно, рече Јаневски.

Слични содржини