Преработувачите на месо ќе го преселат бизнисот од земјава доколку не се намалат давачките за увоз на суровини

од Nikola Popovski
385 прегледи

Цените на суровини се зголемени со што оваа индистрија трпи големи загуби, односно пад во производство од 20 до 30% на ниво на државата. Веќе дел од вработените се отпуштаат од компаниите затоа што се мало производство. Најлошото од се е што цените на транспортот и суровините нема да се вратат, додека траат воените дејствија во Украина кои на еден начин се поврзани со најголемите производители, изјави денеска Васко Ристевски од Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Стопанска комора на Македонија.

Тој порача дека ако државата не им излезе во пресрет на компаниите од месната индустрија и не ја донесе мерката за ослободување од царина на суровината, ќе поскапат месните преработки.

Посочи дека се потребни итни измени на законската регулатива за да се спаси оваа индустрија на која и се заканува тотален колапс.

Групацијата за производство на месо и преработки од месо исто така бара од Владата да ги намали давачките за увоз на суровини за преработки од месо и да обезбеди ист третман со увозните компании, во спротивно најавува затворање на капацитетите или нивно селење во соседството.

Итно донесете ново продолжување на мерката (за привремен слободен увоз на смрзнато свинско месо н.з.) или некој вид на трајно законско решение за намалување на царината на замрзнато свинско месо наменето за преработка и итно поставете еднакви услови за контрола и правила на игра за сите учесници на пазарот без разлика дали се домашни или увозни, рече Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо на денешната прес-конференција.

Според него, компаниите од месната индустрија немаат поддршка од државата и покрај тоа што во буџетот годишно плаќаат над 50 милиони денари од кои 28 за царина и 28 за придонеси.

Слични содржини