Преродба и Костадинов ја доставиле предлог-декларацијата за изјавите на Николоски

од Nikola Popovski
21 прегледи

Бугарската партија Преродба ја доставила до тамошното Народното собрание предлог-декларацијата во врска со „систематското и методично уништување на дијалогот меѓу Република Северна Македонија (РСМ и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од страна на владејачките политички фактори во Република Северна Македонија“. Вака стои како информација во објавата на веб-страницата на бугарското Собрание.

Минатиот петок, во врска со изјавите на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, лидерот на Преродба, Костадин Костадинов ја најавил намерата да поднесе предлог-декларација.

Во текстот на предлогот се наведува дека „Националното собрание декларира политичка намера и аспирација за завршување на изградбата на Паневропскиот Коридор 8 на бугарска страна и ја повикува владата на Република Северна Македонија да пристапи одговорно и со добра волја кон сите преземени обврски и договори направени со цел навремено да се изградат делниците од трасата на нејзина територија“.

-Предлогот закон инсистира на враќање на позитивниот дијалог прекинат од РСМ и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија во РСМ, објавуваат бугарските медиуми.

Во него се наведува и дека е „потврдена волјата на бугарската држава и институции во однос на организирањето на заеднички прослави на заеднички историски настани и личности, имајќи ја предвид богатата заедничка историја на двете земји“.

-Навреда се изразува и за негирањето на заедничката историја на РСМ и Бугарија од страна на членовите на владата на Северна Македонија, што е директно кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Нацрт-документот ги повикува ЕУ и ЕК да обрнат внимание и да ги осудат навредливите квалификации на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, „со кои Бугарите ги нарекува „недостојни“, „мизерни“ и „нецивилизирани“, „маргиналци“ и „корумпирани“.

Тој нагласува и дека и покрај прифатениот таканаречен француски предлог, „постои опасност преговарачкиот процес за проширување на ЕУ повторно да биде во застој поради едностраното неисполнување на обврските и роковите од страна на РСМ“.

„Се инсистира на прецизно разгледување на сите аспекти околу можното одвојување на Албанија од РСМ во преговарачкиот процес за членство во ЕУ. Очигледно е дека ваквото раздвојување ќе го забрза членството на Албанија и ќе придонесе за нејзина побрза европска интеграција. Истовремено, на РСМ би и овозможило можност да избегне ескалација на политичката тензија поради потребата да се израмни со брзината на Албанија“, се вели во доставениот текст.

Слични содржини