Преродба на Костадинов бара бугарското МНР да излезе со осуда поради пријавата за раководството на „Битолски Монмартр“

од Nikola Popovski
595 прегледи

Бугарското МНР да излезе со најголема осуда за тоа што се случува во Битола, а работата да се стави пред т.н. нашите партнери на највисоко ниво, побарал лидерот на контроверзната бугарска партија „Преродба“ Костадин Костадинов.

Тој изнел невистини тврдејќи дека вчера по налог на нашиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, „почнал судскиот процес против 32 деца на возраст под 14 години кои од вчера се на распит во обвинителството и во полицијата“.

Децата се од креативно детско училиште во Битола и учествуваа во проектот „Малиот битолски Монмартр“, истакнал лидерот на „Преродба“.

Според него, во рамките на овој проект овие деца минатата недела дошле во Бугарија и учествувале на разни настани, а се сретнале и со бугарски политичари.

Овие репресии врз децата не се изолирана појава, туку банална практика во последните години. Зачестија особено од минатата година кога беше укинато ветото против членството на РСМ во ЕУ. Тогаш Бугарија ги охрабри сите антибугарски акции, нагласил тој.

Костадинов смета дека доколку официјална Софија не реагира, овие случаи ќе продолжат со цел да се влева страв во секој контакт со нивната земја.

Нашето МВР вчера поднесе пријава против раководството на „Мал битолски Монмартр“.

Апелирам, не само за овој случај, да се покренат кривични пријави и да се дадат сведоштва за институциите да преземат дејствија. Не треба да започнуваме случаи само на знак. Откако е известено обвинителството, веќе има постапка, рече министерот Спасовски.

Слични содржини