Рускиот владика Евтикиј, изјави дека нема да гласа за претседател за Владимир Путин на претстојните избори во март затоа што „не сака да гласа за мрак“.

Рускиот весник „Новаја газета“ наведува дека со тоа прв пат еден висок припадник на православното свештенство изразува протвиење на Путин.
Овој сибирски владика својата одлука ја образложи укажувајќи на Путиновата изјава дека комунистите ги имитирале христијанските традиции на чување на мошти од светци така што го балзамирале телото на основачот на Советскиот сојуз Владимир Ленин и го спуштиле во гробот на Црвениот плоштад.
Евтикиј таа изјава на Путин ја нарече богохулна, пренесе AP.
Владиката на социјалната мрежа Вконтакте напиша дека нема да гласа за мрак и на другите им го советува истото.
Станува збор за несогласување без преседан од високото свештенство на Руската православна црква, чии свештеници со Кремљ одржуваат добри односи, заклучува американската агенција.