Прескапа грешка на Хумелс, Французите шампионски го започнаа Европското

од Nikola Popovski
269 прегледи

Француските фудбалери ја совладаа Германија во Минхен со резултат 1: 0 (1: 0) во дербито на првото коло од групата Ф на Европското првенство.

Дуелот на последните два светски шампиони на „Алијанц Арена“ му припадна на сегашниот. Одлучувачкиот момент се случи во 20-та минута, кога германскиот стопер Матс Хумелс си постигна автогол и им помогна на „галските петли“ триумфално да ја започнат кампањата за обединување на европските и светските титули.

Судирот на екипите кои спаѓаат во кругот на најтесните фаворити за евро трофејот донесе голема борба, високо темпо и квалитетен учинок, но не и многу реални можности, oсвен ако не сметаме двата оправдано поништени гола на Французинот, двата поради офсајд позиција на Килијан Ембапе.

Дидие Дешамп и Јоаким Лев се одлучија за внимателна игра. Популарните „Елф“ го контролираа поседот во најголем дел од времето, додека Французите чекаа шанса од контранапад.

На тој начин, тие први се заканија преку брзиот Килијан Ембапе. Тоа беше најава за тоа што следеше многу брзо. Лукас Хернандес испрати остра топка од левото крило во средина, каде Хумелс несмасно реагираше пред Ембапе и ја погоди сопствената мрежа.

Стекнатата предност ја натера Франција да се повлече, да го прекине ритамот и да го воведе мечот во курсот што и одговара, чекајќи го контранападот. Се покажа дека тоа е ефективна тактика на Дешан.

Слични содржини