Околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава.
Вака очевидци за „Макфакс“ тврдат дека се случил грозоморниот настан вечерва во Скопје.
Според неофицијалните информации, кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.