Грчката опозициска партија СИРИЗА повторно со обвинувања и критики до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по повод Преспанскиот договор со Македонија.
„Мицотакис секојдневно се бори да најде нови изговори за да го оправда тоа што со години одбива да ги ратификува меморандумите со Северна Македонија“, велат од СИРИЗА по вчерашното обраќање на Мицотакис на Генералното собрание на Асоцијацијата на грчки извозници.
Од партијата посочуваат „што Мицкоски се правда дека го видел подемот на национализмот во соседната земја“.
„Да го потсетиме дека Нова Демократија и ВМРО-ДПМНЕ се сестрински партии, бидејќи и двете учествуваат во Европската народна партија и се осмелуваат да го вперат прстот во СИРИЗА. Ги враќаме неисториските карактеризации и го потсетуваме дека историјата докажала дека националистичките круни даваат само лоши услуги“, истакнуваат од партијата.
Според СИРИЗА, „заробен во сопствената ситнопартиска тактика, Мицотакис сега бара промена“.
„Зошто не испрати писмо со овие аргументи и до г-ѓа Урсула фон дер Лејен?“, прашуваат од партијата на Каселакис.