Преспанскиот договор и францускиот предлог се пред замрзнување, смета Чернева

од Nikola Popovski
376 прегледи

Во моментов изгледа тешко да се замисли дека РС Македонија може наскоро да ги започне преговорите со ЕУ, бидејќи гледаме дека двата клучни договори за оваа земја – оној со Бугарија, францускиот предлог за измени на Уставот и Договорот од Преспа од 2018 година кој го отвори патот на земјата кон членство, се пред замрзнување, изјавила за бугарските медиуми, Весела Чернева – директорка на канцеларијата на Европскиот совет за надворешна политика во Софија и поранешна советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков.

Според неа, овие типично симболични гестови од страна на новата македонска претседателка, како што ја коментира вчерашната инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова, „навестуваат прилично студена клима и се чини дека земјата нема да биде меѓу првите што ќе преговара и ќе напредува кон ЕУ“.

Во интервју за „БНР“ додала дека двете коалиции од албанскиот блок – ВЛЕН и Европскиот фронт – „искажале цврста поддршка за двата договори, а особено за уставните измени“.

„Не очекувам знаци од ВМРО-ДПМНЕ да одат во оваа насока. Можеби прво ќе видиме одложување на формирањето влада, а потоа замислувам некаков распоред постепено да преминат на разговори за измени на македонскиот Устав, но тоа сигурно нема да биде првото нешто што ќе направи оваа влада“, вели Чернева.

Таа коментира дека „ЕУ почнала да зборува за проширување во последните година и половина многу поактивно, но не поради балканските земји, туку поради Украина и Молдавија“.

Слични содржини