Преспанските земјоделци незадоволни од цената за јаболката, делишесот од 23 падна на 16 денари

од desk3
87 прегледи

Преспанските земјоделци се задоволни од годинашниот род и квалитетот на јаболката. Во цел регион очекуваат род од околу 130.000 тони.

Според Науме Таскоски член на Управниот одбор на Здружението на овоштари во Ресен „Благој Колтароски“, имало  пад на цената, што предизвикува незадоволство кај овоштарите.

јаболка

– На почетокот цената беше задоволителна. Откупот почна со 23 денари за црвен и златен делишес и за другите сорти, а ајдаретот се откупуваше за 15 денари. Последниве денови цената падна на 18 и 16 денари за црвен и златен делишес, а ајдаретот се откупува за околу 12 денари. Сметам дека таа цена не е соодветна бидејќи не ги покрива основните трошоци што ги вложуваат земјоделците во својата работа, вели Таскоски./МИА