Пресрелките во Куманово повторно се разгоруваат, најмалку 15 повредени

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Престрелките во реонот на „Диво насеље“ каде се потиснати двете банди повторно добива на жестина. Се слушаат сирени на возила на брза помош и полицијата не дозволува пристап, за никого и апелира граѓаните да останат мирни.

CEjHwyfWYAAZotM
Настаните ги следат  повеќе новинарски екипи од земјата и од регионот.  Последните извештаи беа дека се повредени најмалку 15 лица, но извесно е дека има многу повеќе, со оглед на тоа што  медицински установи добиле наредба да не даваат никакви информации.Мобилизирани се сите хирушки одделенија во скопската и кумановска клиника. Во Клиничкиот центар во Скопје во моментов се пренесуваат потешко поврдените. Иако нема потврда неофицијално  се шпекулира дека има  загинати.

CEjHw3ZWMAAoxhT

Големи полициски сили се упатуваат кон Куманово а критчните точки се надлетуваат со хеликоптери.

CEjHw3bWgAA6ZWf

МВР само кусо без детали потврди  само дека е во тек акција за разбивање на вооружени терористички банди .