350
Лекарите отстранија повеќе од килограм штравови, завртки, навртки и шајки од стомакот на еден човек во Литванија, објавија локалните медиуми.
Голтал метални предмети еден месец, откако престанал да пие алкохол, велат лекарите.
Некои од предметите отстранети за време на операцијата во Универзитетската болница Клаипеда беа долги дури 10 сантиметри, според литванската телевизија ЛРТ.
Хирургот Сарунас Даилиденас го нарече „единствен случај“.
ЛРТ објави фотографија на која се гледа хируршки послужавник полн со метални предмети, по итна тричасовна операција.
Брза помош го донесе човекот во болница на брегот на Балтичкото Море, со силни болки во стомакот.Наводно, тој во моментов бил стабилен и под надзор во универзитетска болница.