ПРЕСТРЕЛКА на „Пластичарска“: Еден починат и неколкумина ранети

од Nikola Popovski
470 прегледи Полициски час

Вооружена престрелка се случила синоќа на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, попознат како „Пластичарска улица“. Според неофицијални информации ранети се три лица, а едно им подлегнало на повредите. Се наведува дека претходела масовна тепачка пред пукањето.

Според информациите, повредените се префрлени во Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ и на комплексот клиники Мајка Тереза.

Неофицијално, мотивот за нападот бил нерасчистени меѓусебни односи. Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш на терен излегле полициски екипи и тим од Јавното обвинителство.