Престрелка во Лопате, Куманово – двајца во болница

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили.Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.

F46970A6-2425-4102-95A7-02A97E3174C0_cx0_cy13_cw0_mw1024_s_n_r1-1000x562-540x303

Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминала колона возила на специјалци. Просторот го надлетуваат и хелихоптери.

Според информации кои ги пренесе порталот Инфомакс  браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од с.Липково со ПМВ „ФВ-Венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и Фатон Зендели (22) од с.Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило  „ФВ-Шаран“, физички ги нападнале и и со тврд предмет им нанеле телесни повреди, по што испукале неколку истрели од огнено оружје кон нив, но не ги погодиле, а два проектила завршиле во каросеријата на возилото. Ремзи и Фатон се хоспитализирани во МЦ Куманово, а по Фуркан и Фарук се трага.