Европскиот суд за човекови права донесе пресуда (Application no. 24058/13)со која утврди дека македонскиот државјанин Есат Aслани бил малтретиран и подложен на нехуман и деградирачки третман од страна на полициски службеник, кој, како што се вели во пресудата, сега е градоначалник на Ресен.

Европскиот суд за човекови права, во својата пресуда образложува дека апликантот , кој работел во ресенската локална пекарница, бил „однесен на испрашување“ во полициската станица во Ресен, откако претходно полицијата извршила контрола на пекарницата во врска со дозволите за работа. Во полициската станица тој бил подложен на нехуман и деградирачки третман од страна на полициски службеник, кој, пак, подоцна станал градоначалник на Ресен. Додека бил испрашуван во полициската станица, се вели во пресудата, Арслани бил навредуван, малтретиран и удиран, притоа здобивајќи се со телесни повреди.
Во пресудата, исто така, се утврдува дека во врска со овој случај имало отсуство на ефективна истрага за наводите за полициска бруталност од страна на тужителот, кој поднел приговор до внатрешна контрола и тужба до обвинителството, барајќи случајот да има институционална разрешница, а службеникот да понесе законска одговорност.
Целата пресуда ТУКА
