Пресуда за екс министерот Јанакиески за случајот „Топлик“

од Берта Китинска
225 прегледи

Денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје ќе биде објавена пресудата за случајот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања.

Предметот кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште.

Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според поранешното СЈО кое го отвори случајот произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Слични содржини