246
Пресудата за случајот „Талир 2“ ќе биде објавена денеска во 12:30 часот.
„По завршување на главната расправа Советот ќе се советува, а објавувањето на пресудата се закажува за 8 јуни во 12:30 часот“, рече судијката Даниела Алексовска Стојановска.
Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.