Пресуда за уште еден обвинет во „Двојник“: Една година и седум месеци за фалсификување пасоши

од Nikola Popovski
349 прегледи

Основниот кривичен суд во Скопје изрече казна затвор од една година и седум месеци на обвинетиот Шемседин Јашариуште, еден од вработените во МВР за издавање на пасоши во случајот „Двојник“, кој призна вина на денешното рочиште.

Исто така, со првостепената пресуда тој доби и забрана за вршење дејност во период од 10 години.

Денешното негово признание за вина беше седмо по ред во овој судски процес. На минатото рочиште во средата тоа го направија петмина обвинети, од кои четворица добија затворски казни од 2 до 2 години и 7 месеци, а еден доби условна казна.

Обвинетите Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари, пред два дена пред судот рекоа дека се чувствува виновни за делото и доброволно ја признаваат вината.

Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.

Слични содржини