186
Украинската војска од неодамна користи беспилотни летала со долг дострел, способни да летаат до 2.000 километри и да носат бомба тешка 250 килограми, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Воведувањето на ова беспилотно летало е опишано како „плод на развојот на оружјето“ и потенцијално пресуден момент на бојното поле, но украинската војска не го откри бројот на беспилотни летала што се користат или дополнителни детали за нивните маневрирачки способности, пренесе „Киев Индипендент“.
„Руската пропаганда постојано тврди дека соборила такви летала, но експлозиите во воено-индустриски комплекси, рафинерии и складишта за муниција го сугерираат спротивното“, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили.