Фудбалерот на Порто, Луиз Дијаз, кој беше најголема желба на Тотенхем во последните денови од преодниот рок, би можел да го засили Ливерпул, пренесе новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн.
Тотенхем на Конте прилично се поколеба на крајот на преодниот рок за да го убеди напаѓачот да дојде во Лондон, но Ливерпул ја активираше старата желба и може да го видиме најголемиот пресврт на зимскиот трансфер пазар.
Според „Атлетик“, Ливерпул е подготвен да оди уште подалеку и да му понуди на Порто дури 60 милиони евра со бонуси, а португалските медиуми пренесуваат дека Колумбиецот е подготвен да премине на „Енфилд“ имајќи ја предвид силата на клубот во однос на Тотенхем.
Мотивот секако е поголемата шанса за освојување на двата највредни трофеи, Премиер лигата и Лигата на шампионите, што тешко може да се очекува во северен Лондон.
Преодниот рок трае до понеделник на полноќ, а Тотенхем несомнено ќе мора да ја зголеми понудата.