Пресврт на повидок: Русија би можела да игра бараж за Светското првенство

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Поради актуелната воена интервенција во Украина, руските спортисти се најдоа под санкции, па во согласност со таа одлука, фудбалската репрезентација на Русија беше исфрлена од баражот за Светското првенство во Катар.

Ова го бараа Полска и потенцијалните ривали во финалето, Шведска и Чешка.

Сепак, според изворот на рускиот спортски портал „Championship“, одлуката би можела да биде променета.

Според новите информации, ФИФА би можела да го одложи дуелот меѓу Русија и Полска за јуни, бидејќи се верува дека дотогаш ќе биде завршена ситуацијата со војната.

Засега не се донесени никакви одлуки по тоа прашање.

Да потсетиме, на 28 февруари ФИФА и УЕФА ги суспендираа руските клубови и руската репрезентација од учество на сите меѓународни натпреварувања. Претходно репрезентациите на Полска, Шведска и Чешка одбија да играат со Русија.

Албанија, Ирска, Швајцарија и Англија исто така одбија да се сретнат со Русија во претстојната Лига на нации.

Слични содржини