Пресврт на судењето на поранешната двојка: Бред и Анџелина постигнаа договор

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната актерска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли веќе извесно време се на суд поради винарија во Франција, а сега се појавија информации дека судењето е при крај.

Бред и Анџелина одлучиле да се согласат на посредување кое би можело да го реши спорот, пишува „Дејли Мејл“.

Најновите документи покажуваат дека двајцата се согласиле на посредување како алтернативен метод за решавање на спорот со винаријата Chataeu Miraval.

Џоли изјавила дека е подготвена да учествува во преговорите.

Бред и Анџелина го купија францускиот замок во 2008 година за 25 милиони евра, а таму и се венчаа.

Драмата започна кога, набргу по разводот, Бред Пит ја обвини својата поранешна сопруга и нејзината поранешна инвестициска кампања дека организирале непријателско преземање на семејното лозје.

Актерката го продаде својот дел на извесен руски олигарх Јури Шефлер, кој „тежи“ 1,5 милијарди долари, а американското министерство за финансии официјално го прогласи за олигарх во 2018 година.

Слични содржини