ПРЕСВРТ: Роналдо не ни сакал да го напушти Јунајтед?

од Vladimir Zorba

Сагата за Кристијано Роналдо беше една од најинтересните во текот на летото. Португалецот веќе беше на излезна врата, но сепак остана во Јунајтед по завршувањето на преодниот рок.

Тренерот на Манчестер, Ерик Тен Хаг откри дека Роналдо немал желба да си замине, како што се шпекулираше во претходните месеци.

– Разговарав со Роналдо неколку пати, се договоривме тој да остане – инаку сега немаше да биде член на Манчестер Јунајтед. Кристијано е исклучителен фудбалер, на тренинзите евидентно е дека може да одговори на барањата на стручниот штаб. Тој е необичен играч, нема систем на игра во кој не се вклопува. Тој многу добро знае што бараме од него, изјави Холанѓанецот.

Јунајтед направи сериозен шопинг на крајот од трансфер пазарот, а Ентони и Касемиро пристигнаа во клубот во трансфери од висок профил.

– Сите големи клубови во Премиер лигата значително се засилија ова лето. Роналдо е дел од моите планови од самиот почеток, среќен сум бидејќи тој е дел од тимот. И двајцата сакаме нашата сезона да биде успешна. Мора да се засилите ако сакате да бидете конкурентни на врвот. Сите клубови трошат големи суми на пари, невозможно е да се натпреваруваш за првите четири позиции доколку не го подобриш тимот. Сакаме да се бориме за трофеи „на долг рок“ и моравме да трошиме – изјави Тен Хаг.

Слични содржини