Пресврт: Таткото на Том Брејди ги негира гласините дека се пензионира

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Американските медиуми вчера објавија дека легендарниот НФЛ играч Том Брејди одлучил да се пензионира. Беше најавено дека неговата официјална потврда за тоа ќе дојде денеска, но тоа најверојатно нема да се случи.

43-годишната американска спортска легенда, најдобриот бек во историјата на НФЛ, сепак нема да ја заврши кариерата, откако таткото на Брејди ги демантираше гласините.

– Том се уште нема донесено конечна одлука дали ќе се пензионира или не. Секој што го тврди спротивното, апсолутно греши – рекол таткото на Брејди и додал дека одлуката за повлекување е далеку, пренесе „Бличер репорт“.

Со оваа изјава сè уште е отворена опцијата НФЛ легендата и еден од најголемите американски спортисти да ја продолжи својата кариера, иако лесно можеше да испадне дека информаторите на ЕСПН биле во право.

– Ја разбирам потребата од шпекулации за иднината на Том. Без да навлегуваме во вистинитоста на овие извештаи, Том е единствената личност која може со целосна точност да ги објави своите планови – изјавил агентот на Брејди.

Слични содржини