Шведската влада се чини дека го менува својот пристап во борбата против епидемијата на коронавирус, најавувајќи дека ќе биде овластена да ги затвора трговските центри и јавниот превоз од 10 јануари, како и да ги казнува граѓаните за непочитување на новите правила на однесување. закон е предложен денес за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот во земјата.
Шведските власти досега се потпираа на доброволно спроведување на мерките за физичко дистанцирање, за разлика од другите европски влади кои воведоа задолжителни мерки против ширење на инфекцијата.
“Во случај на влошување на ситуацијата, владата е овластена да воведе пошироки ограничувачки мерки. Овие вклучуваат затворање на продавници, јавен превоз, трговски центри и сите други деловни објекти што ќе бидат опфатени со новиот закон”, најави шведската министерка за здравство Лена Халангрен.
Во Шведска, 6.609 новоинфицирани лица беа потврдени во средата минатата недела, вкупно 396.048, а 8.279 пациенти со козида починаа во таа земја од почетокот на пандемијата.