ПРЕСВРТ во УКРАИНА? „Подготвени се да отстапат територија, но под еден услов“

од Nikola Popovski
323 прегледи

Враќањето на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД треба да ги забрза мировните преговори меѓу Украина и Русија. Ова е едно од ветувањата што ги даде за време на изборната кампања.

Згора на тоа, тој изјави дека ќе го реши тој конфликт уште на првиот ден во Белата куќа. Единствено, според моменталната ситуација на боиштата и руските потези, единствено што може да се направи е да им се остави на Русите апсолутно се што таа освоила за време на инвазијата. Украина нема на што да се потпира во сето ова. Затоа, украинските власти започнаа интересен пресврт.

Украински официјални лица изјавиле за „Њујорк Тајмс“ дека гаранциите од Владимир Путин, односно дека Русија нема да започне понатамошна агресија, ќе им бидат поважни од какви било спорови за територија. Меморандумот од Будимпешта во 1994 година требаше да го гарантира истото, но не ги спречи Русите да го заземат Крим и да ја нападнат Украина пред речиси три години. Затоа сакаат поцврсти и поконкретни гаранции.

„Преговорите треба да се засноваат на гаранции. Ништо не е поважно за Украина“, рекол Роман Костенко, претседател на Комисијата за одбрана и разузнавање на украинскиот парламент, а официјален претставник кој сакал да остане анонимен додал:

„Територијалното прашање е исклучително важно, но сепак е второ по важност. Првото прашање се безбедносните гаранции“.

Рускиот политичар Константин Затулин, кој е близок до Путин, јавно проговори на оваа тема и изјави дека Русија би можела да прифати прекин на огнот до пролет доколку Украинците го напуштат Курск.

„Се ќе биде базирано на факти. Сè што имаме е наше. Сè што има Украина е украинско“, рече Затулин.

Сепак, „тврдокорните“ во Москва, вклучително и Константин Малофејев, конзервативен бизнисмен со врски со Кремљ, сугерира дека веројатно нема да се постигне договор пред пролетта.

„Ќе биде тешко да се постигне договор токму затоа што и нашата најблага позиција вклучува дополнителни територијални отстапки од Украина“, објаснил Малофејев.

Исто така, импликациите на глобално ниво се огромни, нагласува „Њујорк Тајмс“. Затоа што, ако Русите можат да употребат воена сила за да стигнат до територијата на суверена и независна држава, што би ги спречило другите сили да го сторат истото против послабите од нив…

Слични содржини