Копретседателот на здружението на Бугарите во земјава „Шемето“ Бекир Кадриески бил претепан од непознато лице во градот Струга. Ова се случило пред околу еден час, потврдил за бугарска НОВА самиот Кадриески.
Тој рекол дека бил соборен на земја и клоцан. Бил удиран и со раце. Кадриески за НОВА објаснил дека при тепањето бил навредуван на етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.
Кадриески е државјанин на С.Македонија. Тој нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.
Здружението „Шемето“ извести дека Бекир Кадриески бил мета и нападнат одзади поради неговата етничка припадност и самоопределување. Настраданиот моментално се наоѓа во струшката болница со повреди во пределот на стомакот и градниот кош.
„Ова не е изолиран инцидент, туку симптом на трајна и систематска дискриминација на Бугарите во Северна Македонија, на што ние во Советот за безбедност на „Шемето“ активно се спротивставуваме. Историските и политичките тензии продолжуваат да одржуваат средина на непријателство, разгорувајќи го пламенот на етничката омраза и предрасуди. Нашиот копретседател, бранител на единството и пријателството меѓу двете земји, за жал беше подложен на последиците од овие предрасуди во делови од локалното општество“, додаваат од здружението.