Претепан член на МАНУ (ФОТО)

од Nikola Popovski
647 прегледи

Македонскиот академик Илија Чашуле како што изјавува во своето официјално соопштение на Фејсбук бил следен од 3 лица кои го следеле и му го попречувале патот враќајки се од Прилеп за на крај да биде брутално претепан на неколку метри пред својот дом во Скопје.

„Некаде кај клучката за Синѓелиќ (Ченто) се појавија пак силеџиите и почнаа да ме гонат по Скопје. Се обидов да им избегам, ама кај Влада, баш на Димитрие Туцовиќ, кај што сум растел, почнаа да ми го попречуваат патот и излегоа првпат од кола да ме блокираат, но јас ги одминав. Продолжив по Илинденска и тие пак запреа и излегоа двајца, пак со цел да ме блокираат, да ме запрат и да ме нападнат. Ме фати семафорот кај парк кој трае долго. Силеџиите беа три коли зад мене и излегоа тројцата и дојдоа до мојата кола, среде улица и почнаа да пцујат и ми ја отворија вратата и почнаа да ме удираат додека јас се уште седев. Тројца млади јаки мажи тепаат 64 годишен човек“, пишува Чашуле.

Академик Чашуле отворено застана против промената на името на МАНУ. Тој одамна најави повлекување од Македонската Академија на науките и уметностите, ако според договорот со Грција биде преименувана во Академија на Северна Македонија.

Слични содржини