Претепана скопјанка од поранешниот сопруг за кој имало пресуда за забрана за приближување

Скопјанка пријавила дека била физички нападната во семејниот дом од поранешниот сопруг, за кој Кривичниот суд веќе имал донесено пресуда за забрана за приближување

од Nikola Popovski
48 прегледи

Скопјанка пријавила дека била физички нападната во семејниот дом од нејзиниот поранешен сопруг, за кој Кривичниот суд има донесено пресуда за забрана за приближување.

„На 01.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско пријави дека околу 18:20 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(58), за кој Основен кривичен суд Скопје има донесено пресуда и издадено решение за забрана за приближување, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.