Претепани фудбалери во Слупчане – приведени играчи на „Беса“

Уапсени двајца фудбалери на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, Липково затоа што на домашен натпревар физички нападнале фудбалери од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ во рамките на мечот од Третата фудбалска лига

од Nikola Popovski
62 прегледи Фото: Принтскрин

Уапсени двајца фудбалери на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, Липково затоа што на домашен натпревар физички нападнале фудбалери од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ во рамките на мечот од Третата фудбалска лига.

-На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса” од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром” од Скопје, информираат од полицијата.

Неофицијално, поради повредите голманот на гостите завршил во болница.

СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини