Злоупотребата на алкохол, слатки пијалоци и кафе може да доведе до когнитивно оштетување во мозокот. Ова е заклучокот на нутриционистите по големото истражување на големи групи Американци, пренесе порталот Eat This, Not That!.
„Голема количина на алкохол брзо ги убива мозочните неврони, па редовното пиење може сериозно да го оштети“, предупредуваат експертите.
Исклучително е важно да не го злоупотребувате кафето. Во мали количини, кофеинот позитивно влијае на когнитивните функции, но прекумерното консумирање доведува до дијаметрално спротивни ефекти, а повеќе од шест чаши од овој пијалок дневно може да предизвикаат намалување на мозокот и деменција.
Пијалоците богати со шеќер, исто така, може да имаат негативен ефект врз функцијата на мозокот.
Веќе е познато дека шеќерот може да има штетно влијание врз функцијата на мозокот, а пијалоците со висока содржина го уништуваат мозокот, што доведува до намалување на префронталниот кортекс со текот на времето. Ако човек пие една или две чаши слатки пијалоци дневно, неговиот мозок е постар 5,8 години, а ако повеќе од две – 11 години.
Деменцијата е стекната болест која се карактеризира со трајно намалување на когнитивната активност со губење на претходно стекнатото знаење и практични вештини. Оваа состојба најчесто се јавува во староста. Секоја година во светот се пријавуваат околу десет милиони нови случаи на деменција.