Претходницата Вајгл во Скопје- Што е со договорот од Пржино?

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл денеска ќе допатува во Скопје  за да слушне и види  одблизу каде запна  Договорот од Пржино кој е единствениот патоказ и план за излез од кризата што го усвоија четирите политички партии и го гарантир Брисел и САД..По соопштенијата кои ги упатија и Брисел и САД и пораките на Хан преку своите портпароли,  Вајгал му доаѓа како најава за она што ќе следува потоа како контраудар од Брисел.vajgl_1

 Вајгл овој пат нема да се среќава и да се убедува  со работните групи кои преговараат за сите точки од Договорот од Пржино. Тој ќе има одделни средби со политичките партии и во Владата, а неговите заклучоци ќе ги презентира во Извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

До колку се задржи ова нова состојба , тоа ќе значи и сериозно менување на  курсот на меѓународната заедница кон лидерството и водството на државата. Се е во игра кога станува  збор за дигнитетот  и способноста нешто да гарантира  меѓународната заедница.

Упатена во политиканството  и капацитетите на македонските  партии , со ваквиот развој на настаните проценува ако власта не добие сериозна закана дека многу е извесно не само одоговлекување на преговорите,  туку и иклучување  воопшто оддржување на изборите.

Синоќа неофицијално во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, на ноќна посета бил лидерот на ДУИ Али Ахмти.Партиски извори велат дела  Груевски и Ахмети ,сега како загрозени, се во одлични односи , особено ДУИ која е пред распад  и Ахмет прифаќа апсолутно се што ке му  наложи Груевски. Главниот концепт е збивање на  пратеничките гласови  на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и целосно блокирање на договорот , ниту министри, ниту  обвиненија,  ниту избори. Јасно е  дека власта  и колиционите партнери кројат  стратегија  за  влечење за нос на меѓународната заедница а преку своите труби и медиумски мегафони вината ќе се насочува на СДСМ, дека ете „,се оди ама тие бегаат од избори“, и не сакаат да се соочат со народот.Сега ќе се вратат повторно и апсењата и инцидентите.

Но, тука се заборава само на едно-позицијта на  медијаторите  Питер Ванхојт  и амбасадорите  на ЕУ и САД кои гледаат од бликсу се и  нема да им треба да гледаат вести на Сител, Канал5 или Алфа и да цитираат Курир за да заклучат кој  го блокира процесот, кој не го прифаќа а кој бега од договорот од Пржино.

Во тој контест многу веројатно е да следува сериознен удар врз тие кои го кочат процесот и не е исклучена ниту излолација, првин суптилна а потоа и санкции и црни листи. Меѓународната заедница ќе го заострува притисокот во завиност од контрирањето на кочничарите на преговарачкиот процес.  Всушност Иво Вајгал денеска е првиот гласник.

Ад