181
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.