Претрес во Гевгелија, приведен дилер на дрога

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

На 07.12.2022 во 16.30 часот во Гевгелија од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија бил лишен од слобода Р.Ј.(27) од Гевгелија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста кафеава материја и поголем износ на пари, соопштуваат од МВР.

„Малку подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Гевгелија, при што биле пронајдена импровизирана мини лабораторија со саксии со канабис, како и марихуана и семки од канабис.

Пронајдените предмети се предадени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, заедно со кривичната пријава, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка“, додаваат оттаму.

Слични содржини