Претрес во Кичево, приведен дилер

од Nikola Popovski
232 прегледи

На 05.05.2023 во 13.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.Ш.(28) од Кичево.

При претрес во неговиот дом и други простории во Кичево и во с.Цер, кичевско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана.

Д.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини