МВР соопшти дека на 23.04.2021 во 11.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево.
„Во неговиот дом биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62 милиметри. Притоа, М.Б, бил лишен од слобода.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава“, соопштија од полицијата.